Израел од денеска влегува во тринеделен карантин на национално ниво за да го ограничи ширењето на коронавирусот по напливот на нови случаи. Карантинот кој доаѓа за време на еврејската сезона на празници, Израелците ќе мора да не се оддалечуваат на 500 метри од своите куќи, но можат да патуваат на работни места на кои ќе им биде дозволено да работат ограничено.

Училиштата и трговските центри ќе бидат затворени, но супермаркетите и аптеките ќе останат отворени. Јавниот сектор ќе работи со помалку вработени. Затворените собири се ограничени на 10 лица, а не повеќе од 20 лица на отворено.

„Знам дека со ваквите мерки сите ќе платиме висока цена“, рече деновиве премиерот Бенјамин Нетанјаху во телевизиското обраќање, оценувајќи: „Ова не е вид на одмор на кој сме навикнати. И, секако, нема да можеме да славиме со пошироките семејства“. Министерството за финансии соопшти дека блокадата ќе ја чини економијата, која западна во рецесија како последица на вирусот, околу 1,88 милијарди долари.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO