Германија, земјата претседавач со Европската Унија смета дека билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на Унијата. Нивната амбасадорка во земјава, Анке Холштајн порачува дека во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира овој процес.

Германија и другите земји членки на Европската Унија сметаат дека билатералните проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека тие проблеми треба да се решаваат билатерално, порачува германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн коментирајќи го бугарскиот меморандум испратен до земјите членки на Европската унија. Во неделното интервју за радио Слободна Европа, Холштајн вели дека во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот на проширување на Унијата со регионот на западен Балкан.

ʺБугарија ги има кажано овие барања на другите земји членки на почетокот на август. Ние и според моите сознанија сите други земји членки се на мислење дека билатерални проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија секогаш беше голем поддржувач на европското придвижување на регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот за проширување на Европската Унија во овој регион“, вели амбасадорката Холштајн во интервјуто.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO