Фото: Роjтерс

Организаторите на Гран При на Турција, која се враќа по 9-годишно отсуство, објавија дека успеале да продадат дури 40.000 билети за трката на 15-ти ноември во само првите шест часа од продажбата.

Трката во ʺИстанбул паркʺ ќе собере до 100.000 луѓе, што е нешто помалку од половина од капацитетот на турската патека.

Првично, организаторите се надеваа дека ќе ја одржат трката со полн капацитет од 220.000 луѓе, но тоа не беше можно поради ситуацијата со КОВИД-19.

ʺИстанбул паркʺ е една од петте патеки што се враќаат или дебитираат како резултат на пандемијата од коронавирус, каде освен него го направија и ʺМуџелоʺ, ʺНирбургрингʺ, ʺПортимаоʺ и ʺИмолаʺ.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO