Романската војска ја прими првата испорака на американски ракети земја-воздух ʺПатриотʺ, произведени од компанијата Рејтеон како дел од напорите на земјата да ги подобри своите одбранбени способности во услови на закани од Русија, пренесе Ројтерс.

„Романија туку што стана побезбедна земја примаќајќи ги овие ракети „Патриот“ на нејзина територија. Романските граѓани сега се подобро заштитени“, изјави премиерот Лудовик Орбан на церемонијата за примање на ракетите на полигон близу до брегот на Црното Море.

Ракетите ќе бидат дел од интегрирани систем за противвоздушна одбрана кој ги вклучува неодамна купените ловци Ф-16 како дел од процесот на модернизација на застарената воена опрема на Романија, за да одговори на стандардите на НАТО.

Системот со вредност од 4 милијарди американски долари е важен елемент од програмата за реформирање на одбраната на членка на ЕУ и НАТО, кој се обидува да го подобри својот одвратен капацитет од каква било закана од страна на Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин многукратно изјавувал дека Москва гледа на распоредувањето на американски ракети во Источна Европа како голема опасност и дека Москва ќе биде принудена да одговори со зајакнување на сопствените способности  за нанесување на ракетни удари.

САД побараа членките на НАТО постепено да ги зголемуваат своите одбранбени буџети до 2 проценти од бруто домашниот производ, а Романија, близок сојузник на Соединетите држави, е меѓу првите земји во Европа што го стори тоа.

Романија, исто така, усвои елементи на американскиот систем за противракетна одбрана и учествува со воени контингенти во војните во Ирак и Авганистан.

Американската армија, која изјави дека ракетниот штит е потребен за да се заштитат земјите на НАТО од ракетни напади од Иран и не претставува закана за Русија, го пушти во употреба романскиот дел од штитот од 800 милиони американски долари во 2016 година.

 

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO