Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални е отруен од шише со вода во неговата хотелска соба во сибирскиот град Томск, а не на аеродромот, како што претходно се мислеше, пренесе Ројтерс.

Информацијата беше соопштена од неговиот тим во коментар на видео објавено на Инстаграм профилот на Навални.

Опозицискиот лидер се почувствува лошо за време на внатрешен лет во земјата минатиот месец и потоа беше однесен во Берлин на лекување.

Според Германија, тој бил отруен со нервниот агенс Новичок. Москва тврди дека нема докази за труење.

Во меѓувреме, руската амбасада во Германија побарале конзуларен пристап до лидерот на опозицијата Алексеј Навали, кој се лекува на берлинската клиника ʺШарите“ по наводно труење со супстанца од групата ʺНовичок“. Тоа го пренесе агенција ʺИнтерфаксʺ, повикувајќи се на свој извор.

Од руската дипломатска мисија во Берлин откажаа да коментираат за Интерфакс.

Портпаролката на опозицијата Кира Јармиш објасни од каде се појавило пластичното шише, на кое, според германската страна, во лабораторијата на Бундесверот се откриени траги од ʺНовичокʺ.

Откако дознале дека Алексеј Навални се почувствувал лошо за време на летот за Москва, неговите колеги од Фондот за борба против корупција веднаш отишле во неговата хотелска соба во градот Томск. Таму, во присуство на адвокат, тие ги опишале и спакувале сите предмети што ги нашле, вклучително и пластично шише за вода. Шишето подоцна им било предадено на германските лекари, напиша Јармиш на својот Инстаграм профил.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO