Фото: Роjтерс

Германската влада предложила да инвестира 1 милијарда евра во два терминали за течен природен гас од Соединетите држави во обид да го убеди Вашингтон да се откаже од санкциите за проектот за гасоводот ʺСеверен поток 2“, соопшти денес германскиот седмичник Die Zeit .

ʺЗа возврат, Соединетите држави ќе дозволат непречено финализирање и користење на ʺСеверен поток 2 “, изјавил германскиот вицеканцелар и министер за финансии Олаф Шолц во писмо, адресирано до американскиот министер за финансии Стивен Мнучин, испратено на почетокот на август, посочува изданието.

Во писмото, Берлин истакнал дека ʺпостојните правни можности за санкции сè уште не се исцрпени“.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во јули објави дека Законот за спротивставување на американските противници преку санкции (CAATSA) е актуелизиран за да го вклучи и ʺСеверен поток 2“.

Од друга страна, портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека санкциите на Вашингтон ʺгарантираат нелојална конкуренција“, додека Берлин смета дека тоа е ʺобид за изнуда“.

 

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO