Опозициската ВМРО-ДПМНЕ одржа протестен собир, за поддршка на членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев. Од пред Министерството за правда протестот продолжи преку мостот „Гоце Делчев“ се до зградата на Министерството за надворешни работи.

„Стани Гоце те предадоа“, „Или Гоце или Заев,“ „Гоце е црвената линија“, „Ние сме држава, не територија,“ – се дел од извиците и од транспарентите што можат да се слушнат и видат на протестот. Покрај македонските знамиња, демонстрантите веат и знамиња на ЕУ, како поддршка на земјата за членство.

Од партијата велат дека ова е мирен народен протест на кој ќе се испратат испрат јасни пораки. „Време е за гласот на тивкото мнозинство. Повикуваме сите да ни се приклучат во протестот кој треба да биде нашиот глас за она што не обележува како држава“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO