Фото: Роjтерс

Масовна акција против десничарски екстремисти во редовите на германската полиција откри мрежа од неонацисти. Ова е третиот случај на распостранување на нацистичка пропаганда меѓу полицајците само во западногерманската провинција Северна Рајна-Вестфалија.

ʺДолго време верував, се надевав, дека станува збор за изолирани случаи. Но, веќе знам, тоа – за жал – не е така. Премногу се! “, констатира Херберт Ројл, министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија.

29 службеници за спроведување на законот се отпуштени дисциплински и предадени на обвинителството. Други 14 полицајци ќе бидат отстранети од служба.

Ројл денеска за новинарите изјави дека повеќе од 200 вработени биле вклучени во операцијата, при што се откриени пет чат-групи во WhatsApp при претрес на 34 домови и работни места.

Конфискувани се мобилни телефони, со кои е распостранувана ʺнајодвратната нацистичка пропаганда“. Меѓу нив има фотографии од Адолф Хитлер и кукести крстови, кое е забрането во Германија.

ʺНо, и многу поодвратниот колаж на бегалец во гасната комора на концентрациониот логор“, додаде министерот Ројл.

Групите постојат од 2012 година, но станаа значително поактивни во 2015 година, кога Германија ги отвори своите граници за бегалците.

Вчера германската влада го објави својот годишен извештај за состојбата на обединета Германија, според кој екстремно десничарскиот екстремизам зема замав во Источна Германија.

 

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO