Најмалку шест лица биле повредени во Анкара, поради ретката песочна бура што ја зафатила турската престолнина во саботата. Бурата ги погодила двата округа Олатли и Хајман, по локално време.

Невремето најпрво го погодило регионот Полатли, каде имало прекин на електричната енергија, а подоцна се проширило и во Анкара. Ветерот бил толку силен што уништил покриви на голем број згради.

Градоначалникот на Полатли, Мурсел Јилдискаја, рече дека за време на невремето избувнале и неколку пожари: „Никогаш не сме доживеале вакво нешто“, рече тој.

Гувернерот на Анкара, Васип Сахин изјавил дека првите извештаи покажуваат дека шест лица се полесно повредени откако ги погодиле предмети носени од ветерот.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO