Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук-профил за денеска најави протестен марш кој ќе почне од Министерството за правда, па ќе продолжи по мостот “Гоце Делчев”, за да заврши пред Министерството за надворешни работи.

„Ова е протест на народот, целта е за ЕУ, за Македонија, за Делчев. Гоце е црвената линија за нашето достоинство. Се гледаме!“, порача Мицкоски.

Ова е ќе биде трет протест на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на „жешката есен“ што ја најави Мицкоски. Во минатата недела партијата протестираше пред Регулаторната комисија за енергетика со барање да се врати старата цена на струјата.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO