Бугарскиот суд го осуди лидерот на партијата „Волја“, Веселин Марешки на четири години затвор за изнуда и парична казна од 4 000 евра. Тој смета, дека е невин и ќе поднесе жалба против пресудата.

Марешки е заменик претседател на бугарскиот парламент, неговата партија честопати ја поддржува Владата во Парламентот.

Судот во градот Варна ја поништи претходната пресуда со која Марешки беше ослободен од обвинението. Тој и Красимира Колева се виновни бидејќи во 2014 година се заканиле дека ќе уништат ресторан на бизнисмен, ако тој не плаќа месечно по 10.000 лева или 5000 евра. Колева е осудена на 3 и пол години затвор и парична казна од 3000 евра.

53 годишниот Марешки е сопственик на ланец аптеки и бензински пумпи. Тој порача дека нема намера да оди во затвор за нешто што не го направил.

„За жал, во време кога нашата земја е обвинета дека е неуспева да ги затвори корумпираните политичари и олигарси, очигледно некој одлучил дека е добро време да се потенцира мојот случај“, рече тој.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO