Фото: Роjтерс

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека во земјата ќе бидат воведени нови строги мерки за изолација поради постојаниот скок на бројот на заболени од коронавирусот. Почнувајќи од петок пред еврејската Нова година, училиштата, рестораните, трговските центри и хотелите ќе бидат затворени и ќе се воведат ограничувања за движењето на жителите. Мерките се очекува да траат најмалку три недели, а може да бидат ублажени во зависност од бројот на смртни случаи.

Во Израел, инфекцијата со новиот вирус се шири во текот на изминатите недели, бидејќи поблагите мерки не вродија плод. Сега, во однос на бројот на жители, Израел е една од земјите каде ситуацијата е најтешка. Израел беше пофален на почетокот на пандемијата затоа што брзо ги затвори своите граници и се чинеше дека ја стави заразата под контрола. Инаку, Нетанјаху се соочува со гнев во јавноста поради одговорот на пандемијата. На протестите што се одржуваа во текот на целото лето пред неговата резиденција во Ерусалим затоа што тој е обвинет и за корупцијата им се придружија демонстрантите кои бараат негова оставка поради лошиот одговор на ширењето на инфекцијата.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO