„Мајкрософт“ соопшти дека неговата понуда за купување на „ТикТок“ е одбиена од кинеската матична компанија БајтДенс на апликацијата за споделување видео.

Преговорите за купување ги турка американскиот претседател Доналд Трамп со тврдењата дека апликацијата претставува ризик за националната безбедност. Луѓето запознаени со ова прашање за Ројтерс изјавија дека БајтДенс се откажа од продажбата на ТикТок во Соединетите Држави и реши да оствари партнерство со Оракл во надеж дека ќе избегне забрана во САД . Трамп во минатиот месец се закани дека ќе го забрани ТикТок до средината на септември, тврдејќи дека податоците што ги собира може да бидат алатка за кинеското разузнавање и му нареди на БајтДенс да го продаде својот бизнис во САД.

ТикТок негира дека споделувал податоци за корисниците со кинеската влада. Белата куќа презеде мерки против неколку кинески бизниси, вклучувајќи ги производителите на телекомуникациска опрема Хуавеј и ЗТЕ, поради загриженоста дека тие ќе им овозможат на кинеските власти да добијат податоци за корисниците на САД.

Републиканските и демократските пратеници исто така изразија загриженост во врска со цензурата и приватноста на децата. ТикТок вели дека има 100 милиони корисници на САД и околу 700 милиони на глобално ниво.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO