Десетици илјади граѓани на Белорусија се собраа во центарот на Минск на опозицискиот „Марш на хероите“ чија цел е да се изврши притисок врз режимот на претседателот Александар Лукашенко, кој на неколкунеделните протести одговори со илјадници апсења, претепувања и застрашувања.

Министерството за внатрешни работи, во моментот кога илјадници демонстранти почнаа да се собираат, соопшти дека веќе привело „околу 250 луѓе“ поради кривични дела како истакнување на забранетото црвено-бело знаме поврзано со опозицијата и поради транспаренти кои се оценети како „навредливи“. Министерството соопшти дека го зголемило бројот на полицајци со Минск за да спречат, како што беше наведено, „незаконити активности“.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO