Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска напладне ќе закаже седница на која на дневен ред ќе биде избор на составот на работните тела на Парламентот, а потоа верификација на мандат на пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Џафери додаде дека на оваа седница нема можност за други точки на дневен ред, бидејќи материјалите треба да поминат на комисии. Во Собранието досега се пристигнати законските предлози на Владата за основно и средно образование, како и петте одлуки за вонредната состојба од претседателот на државата Стево Пендаровски.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO