Фото: Роjтерс

Владејачката Либерално-демократска партија во Јапонија денес го избра својот нов лидер на местото на Шинзо Абе, пренесе Би-Би-Си.

Абе поднесе оставка на функцијата премиер минатиот месец од здравствени причини.

Него го заменува 71-годишниот Јошихиде Суга, главен секретар на кабинетот во сегашната администрација.

Тој се смета за близок сојузник на Абе и најверојатно ќе го продолжи неговиот курс.

Откако конзервативната ЛДП го избере Суга за свој нов лидер, во среда ќе има ново гласање во парламентот. Се очекува скоро сигурно Суга да стане премиер, бидејќи партијата има мнозинство.

Новиот премиер ќе го заврши сегашниот мандат до изборите во септември 2021 година.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO