Фото: Роjтерс

Во Грција во изминатите 24 часа е регистриран највисок број нови дневни случаи, вкупно 372, првпат над 300 од почетокот на епидемијата, а починаа уште четири лица, јави МИА од Атина. Од новите случаи, над 100 се поврзани со фабрика за обработка на храна во северна Грција.

Во однос на географската распределба на новозаболените, повторно, најголемиот дел се во Атика, поширокиот регион на Атина. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 12.452 случаи на Ковид-19, а починаа 297 лица.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO