Светската здравствена организација се пожали на недостиг на солидарност и ги повика светските сили да го преземат водството во справувањето со пандемијата на Ковид-19, соопшти РСЕ.

„Она што најмногу ме загрижува е она што го зборував цело време – недостиг на солидарност. Само на овој начин ќе можеме да го победиме овој вирус“, рече синоќа генералниот директор на СЗО Тедрос Адана Гебрејесус на виртуелна прес-конференција во Женева.

Денеска се навршуваат точно шест месеци откако СЗО прогласи пандемија, иако во почетокот, таа организација го сметаше појавувањето на вирусот Ковид-19 како пандемија со неколку жаришта. Досега од Ковид-19 во светот починаа 900.000 луѓе, а бројот на заразени варира секојдневно.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO