САД ќе и пречат многу сериозно на европската надворешна политика на Западен Балкан. Создавањето на т.н. ʺМали Шенген“ ќе им помага на силите надвор од Европската унија кои не сакаат да ја видат ниту Северна Македонија ниту Црна Гора во неа. Тоа што се случува ја отклонува енергијата на земјите од регионот да работат за нивната европска интеграција и им дава друг хоризонт за развој. Ова го кажа бугарскиот новинар Николај Крстев во емисијата ʺСветот е бизнис“ на Bloomberg TV Bulgaria со водителот на Ивајло Лаков.

ʺСАД целосно инвестираат во структурата на Малиот Шенген“, посочи Крстев. Тој истакна дека земјата ʺвлегува на Балканот“ со многу силен договор меѓу Косово и Србија, што овозможува создавање на економска инфраструктура меѓу државите во регионот и патна карта за приближување меѓу Приштина и Белград.

ʺСудирот кој г набљудуваме меѓу Вашингтон и Брисел се пренесе над Белград и Приштина. ʺГледаме една особена тензија за која никој не е задоволен во Брисел затоа што ʺжешкиот компир“ беше префрлен во рацете на Европската комисија – сега таа треба да ги вофи преговорите за политичка нормализација – најтешкиот дел од наоѓањето решение за косовското прашање“, истакна Крстев.

ʺВашингтон станува гарант на економското стабилизирање на на односите меѓу Србија и Косово … Единствено преку ЕУ меѓутоа може да се постигне вистинско примирје меѓу овие земји “.

ʺВо договорот на САД има само економија. За да се случи тоа на терен, меѓутоа, треба да има политичка волја “, додаде Крстев.

Тој ги коментираше и последните настани во Северна Македонија. Според зборовите нагостинот, во земјата ВМРО-ДПМНЕ е основата на силна антиевропска кампања.

ʺНовата влада на премиерот Зоран Заев нема да има 100 дена за да го реализира тоа што го планира.

Новинарот ги изрази очекувањата на претстојниот Европски совет да има јасни сигнали кон Западен Балкан. ʺЗасега, меѓутоа, САД, Русија и Кина се поактивни“, додаде тој.

Погледнете го целиот разговор во видео материјалот

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO