Фото: Роjтерс

Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа изјави дека има неколку кандидати за премиер и е уверен дека сè ќе биде завршено до крајот на месецот пред уставниот рок, пишува в. ʺДанасʺ. Владата ќе биде раководена од некој способен и енергичен човек и тоа ќе се случи брзо, убеден сум – до крајот на месецот, изјави Вучиќ за РТС, потсетувајќи дека пред тоа  дребаа биде избран претседател на парламентот.

Верувам дека ќе има значителни промени во секоја смисла, но не затоа што претходната влада направи нешто лошо, додаде Вучиќ.

Вучиќ исто така рече дека рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров му се извиниле заради публикацијата на Фејсбук на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, која ја коментираше средбата на српскиот  претседател и американскиот лидер Доналд Трамп со фотографија од филмот ʺНиски страсти“. .Путин изјавил дека руската држава, а особено тој, не стои зад ова.

Весникот Блиц известува дека претседателот на Социјалдемократската партија Борис Тадиќ ги повикал сите опозициски лидери да се договорат за стратегија за идната борба, предлагајќи да се формираат неколку опозициски колони организирани според јасни критериуми. Дел од опозицијата смета дека за идејата треба да се разговара и потребни се реформи во нивните редови, пишува изданието. Претставувајќи ја идејата, Тадиќ рече дека иницијативата има за цел да ја најде најефективната стратегија за пораз на режимот, имајќ ги во предвид неуспесите на сите иницијативи и стратегии од 2012 година.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO