Фото: Роjтерс

Куба има искуство со производството на вакцини. Оваа карипска земја работи на производство на сопствена вакцина против коронавирусот. И Русија има намера својата вакцина да ја произведува на Куба, пишува Deutsche Welle.

Досега Куба добро се справуваше со коронавирусот. Од март наваму во земјата се регистрирани само околу 4000 случаи на Ковид-19 а од болеста починаа 94 лица.  Но, и на карипскиот остров бројот на заразени во моментов расте. Властите веднаш реагираа со дополнителни рестрикции. Така до 15 септември во главниот град Хавана во сила е полициски час од 19:00 до 05:00. Рестораните, баровите  и плажите беа затворени пред две недели а јавниот сообраќај е запрен.

Ваквите мерки ќе станат нецелисходни само по вакцинирање на населението. И Кубанците, како и остатокот од светот, се прашуваат кога ќе биде на располагање вакцината.

„И нашата земја работи на тоа“

Кубанскиот главен епидемиолог Франциско Дуран вели дека е познато оти низа земји работат на вакцината – Русија, Кина, САД, Велика Британија. „И нашата земја работи на тоа“, изјави тој на конференцијата за печат.„Куба има големо искуство во истражувањето и производството на вакцини“, објави на социјалните мрежи доктор Едуардо Мартинез, претседател на кубанската компанија за биотехника БиоКубаФарма.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO