ВТОР ДЕЛ

ʺАнтиквизацијатаʺ во државна политика ја претвори ʺпатриототʺ Никола Груевски, иако застапници на тезата за античкото потекло на денешните македонци имаше и пред него. Верувам, на владиката Германос Каравангелис-идеен татко на антиквизацијата-инструмент за борба против ВМРО, ниту на сон не му доаѓало дека во иднина во слободна и независна Македонија, некој кој се повикува на историското ВМРО на плоштадот во Скопје ке издигне паметник на Александар Македонски.

Комунистичката историографија не се дрзнуваше да го негира словенското потекло на денешните македонци, за да не дојде во колизија со светската историографија. Но беше крајно идеологизирана и ја потенцираше ролјата на комунистичкото движење за извојувањето на слободата на Македонија, во рамките на СФРЈ. Но се прикриваше вистината за ВМРО како творец на идејата за слободна и независна Македонија, а сподвижниците на таа идеја завршуваа во Идризово или беа стрелани во името на братството и единството на југословенските народи. Одделно секаде каде што во оригиналните документи за нашите прероредбеници и дејци на ВМРО пишува БУГАРИ, се пренапишуваше МАКЕДОНЦИ. Паралелно со ваквата историографија која беше за внатрешна употреба, УДБА, за да се спротивстави на ВМРО-вската емиграција во САД, Канада и Австралија го посеа семето на антиквизација таму.

И ако се сеќавате, за знамиња со сонце од Вергина, за прв пат разбравме кога ни ги донесоа после 1990 година нашинците од Австралија. И така, посеаното семе на УДБА во САД, Канада и Австралија почна да се распостранува и кај нас. Ништо што овие знамиња немаат никаква врска со ВМРО. А и како ќе има кога светот за прв пат за него дознава во 1977 година, кога професорот Манолис Андроникос го пронаоѓа во царска гробница од времето на Античка Македонија. Поголем дел од авторитетните светски археолози меѓу кои и Џон Пол Адамс се на мнение дека овој симбол е ʺоддамна воспоставен декоративен елемент во античко-грчката и блиско-источната уметност”. И од тука произлегува болната констатација, колко слаб национален имунолошки систем треба да имаш, за да ти биде наметнат декоративен елемент, како национален симбол. И толку тешко ли е да се постави логичното прашање, кои се знамињата кои ги користеле дејците на ВМРО и на Крушевската република, имајќи го во предвид текстот од химната ʺОдново денес знамето се вее, на Крушевската република”. Или, борците за слободата на Македонија биле во заблуда, затоа што професорот Манолис Андроникос многу касно, дури во 1977 година открил кој е нашиот ʺнационален симболʺ.

Сите многу добро ги знаме главните распостранители и промотори на антиквизацијата и ниту еден од нив нема ништо заедничко со историското ВМРО (Тодор Петров, Тупурковски). Од денешна дата, имајќи ги во предвид непроценливите штети на меѓународен план од антиквизацијата, логично се поставува прашањето, од незнаење го правеа тоа, или за туѓи државни интереси.

Сега е време да проговориме и за непроценливите штети на меѓународен план, најмногу во светлина на спорот за името со Грција.

Сите многу добро знаеме дека македонското прашање на меѓународната сцена се појавува после Берлинскиот договор, на базата на кој стапнува и ја започнува својата дејност македонското ослободително движење. Неспорен факт е, дека првото име на организацијата е БМОРК (Бугарски македоно-одрински револуционерни комитети) и повикувајќи се на член 23 од Берлинскиот договор ја издигнува идејата за автономија на Македонија и Одринско. Во првиот устав на организацијата изрично стои дека ʺчлен на Б.М.О.Р.К. може да биде секој бугарин…” Но поради опасността организацијата да биде обвинета на меѓународен план дека е инструмент на официјална Софија, се преименува во ВМОРО. ʺВнатрешнаʺ за да покаже дека таа е независна и плод на внатрешните стремежи за слобода. А во Уставо се запишува ʺВнатрешната Македоно-Одринска Револуционерна Организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народност, за извојување на целосна политичка автономија за тие две области”. Од тука, логично е прифаќањето на лозунгот на Вилијам Гледстоун ʺМакедонија на Македонците”, при тоа имајќи ги во предвид сите народности кои ги населуваат тие две области, а не само бугарите.

Подоцна се случуваат катастрофалните договори во Букурешт и Версај и кои се причина ВМРО да ја издигне идејата за слободна и независна Македонија. И точно во тој период се аргументите за уредување на односите со нашите соседи после нашето осамостојување. А тоа е сосема логично штом сме излегле од комотната состојба, кога Белград ни ги уредуваше односите со соседите. СКМ-ПДМ и СДСМ која подоцна произлезе од неа, ја базираат својата идеологија на комунистичката историографија според која, се започнува после 1944 година. Така што логично беше историскиот континуитет со ВМРО да го воспостави ВМРО-ДПМНЕ, која декларативно истиот го превзема, но на практика не.

Имено, спорот за името после доаѓањето на Никола Груевски на чело на партијата, не се водеше со неспорните историски факти на ВМРО од времето после Берлинскиот договор, а се префрли во Античка Македонија, 300 години пред нашата ера. Античка Македонија, ниту географски, ниту временски ниту како содржина нема ништо заедничко со Македонија за која се борела ВМРО.

И на тој начин на политичката сцена во Македонија, на практика, двата најголеми политички субјекти, секој со својата идеологија, на свој начин работеше за меѓународната изолација на Македонија и нејзиното држење надвор од евроатлантските структури. Се разбира за тоа поголема е вината на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што природно таа требаше да биде носител на тие процеси.

Точно заради таа меѓународна изолација, ВМРО-ДПМНЕ имаше најголема поддршка за таквата политика од официјалните Белград и Москва. Затоа што нејзината политика ја држеше Македонија надвор од НАТО, а тоа беше исклучително полезно за српските планови за разрешување на косовското прашање, преку размена на територии. Интересното е тоа што против ваквата политика на Груевски немаше ништо против неговиот коалиционен партнер Али Ахмети. Но веднаш, штом на сите им стана јасно дека режимот на Груевски ќе паѓа, ДУИ излезе со Тиранската платформа. Преку тоа се добива впечаток дека коалиционите партнери делувале во унисон со официјален Белград, кој преку Живајлевиќ со неговото присуство во парламентот отворено застана на страната на Груевски.

Имајќи ја во предвид идеолошката импотентност и на двете најголеми партии во Македонија, нашето влегување во НАТО пред се е заслуга на меѓународната заедница, првенствено на САД, со цел затворање на можностите за дестабилизација на регионот визави преговорите Белград-Приштина. Заради таа идеолошка импотентност,и робување на комунистичката историографија го изгубивме името, но ја запазивме територијалната целост, која ќе беше под прашање ако продолжеше со владеење Никола Груевски.

(ПРОДОЛЖУВА)

–––––––-

Автор: Мирослав Ризински-потпретседател на Бугарски Културен Клуб-Скопjе (БККС) и главен уредник на ТАТКОВИНА

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO