„АЗД1222“ на АстраЗенека досега важеше за еден од водечките кандидати во развојот на вакцина против Ковид-19. Сега тестирањето е запрено поради можни несакани ефекти, соопшти Deutsche Welle.

Фармацевтската компанија АстраЗенека ја стопираше клиничката студија за вакцина против коронавирусот. Причина – кај едно од тест-лицата настапиле здравствени проблеми. Порталот за вести од областа на здравството „Стат Њус“, повикувајќи се на портпаролка на компанијата, дури јавува за тешки несакани дејства кај лицето.

Привремено стопирање на студијата е рутинска мерка во вакви случаи, соопшти британската фармацевтска компанија. „При големи студии, изненадувачки може да настапат болести, кои мора да бидат темелно проверени од независна страна“, оценува компанијата. АстраЗенека ќе го забрза истражувањето за постапката за добивање дозвола за вакцина да се оддолжи што е можно помалку, се вели натаму во соопштението.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO