ПРВ ДЕЛ

Љубчо Георгиевски, својот предлог, точно Никола Груевски да го замени на лидерскиот пост го поткрепи со тезата дека партијата под негово раководство не може да ја надмине границата од 310000 гласа и и се нужни промени со цел да се надмине таа бариера.

Но, за да направиме реална анализа на оваа негова изјава треба да се вратиме на некои внатрепартиски собитија претходно. Сите се сеќаваме на внатрепартискиот удар од страна на ʺантичкотоʺ крило, кој започна со текстот ʺЧакам те да дојдешʺ. Целата оваа акција во лов на ʺбугарофилиʺ во партијата беше предводена од КСИО (внатрепартиска разузнавачка служба) и од партијци блиски до тогашниот секретар на партијата Борис Змејковски. Уште тогаш имаше сомнежи дека оваа акција е координирана со тајната полиција ДБК . Но, по објавувањето на документи, дека Димитар Димовски, сегашен близок соработник на Христијан Мицкоски, а тогаш еден од сподвижниците на ударот од ʺантичкотоʺ крило, бил соработник на тајната полиција ДБК под псевдоним „Глумец“, овие сомнежи си најдоа свое потврдување. Кај Димитар Димовски во тој однос има константа и тој продолжува со омразата кон Бугарија и во сегашното ВМРО–ДПМНЕ под раководство на Мицкоски.

Но тогаш, Георгиевски цврсто застана зад ʺпробугарскотоʺ крило, кое по овој внатрепартиски судир доби превласт во Извршниот комитет на партијата и кое резултираше со победа на изборите во 1998 година. Точно заради тој факт, сите беа на мнение дека и самиот Георгиевски е припадник на ʺпробугарскотоʺ крило. И затоа, логично се поставува прашањето, само заради изборна победа ли ʺотстапиʺ од идеологијата, или има и други причини за тоа.

Според мене одговорот на ова прашање лежи во настаните сврзани со меѓуетничкиот конфликт од 2001 година, во кои Георгиевски влезе во антизападен и просрпски филм. Одговорите на овие прашања се важни не само за партијата, но и пошироко за целата јавност.

1.На кого му одговараше меѓуетнички конфликт во Македонија, точно пред да започнат преговорите Белград-Приштина ? (Според мене на Србија)

2.Кукавичко јајце ли беше предлогот на Србија за договор за демаркација на границата со кое индиректно доби признавање од Македонија дека Косово е нејзин составен дел, по што сосема брзи избувна конфликтот?

2.Кој во Македонија ги иницираше скандалите во Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи точно на почетокот на конфликтот и кои во клучен момент резултираа со смена на тогашните министри ?

3.Вмешан ли е во аферата за прислушкување, која резултираше со смена на министерката за внатрешни работи Доста Димовска, тогашниот шеф на военото разузнавање Сашо Мијалков ? И ако е вмешан, тој ли ги има дадено материјалите од прислушкувањето на тогашниот лидер на СДСМ Бранко Црвенковски ?

4.Има ли поврзаност меѓу предлогот на Љубчо Георгиевски за поделба на Македонија со првите комуникеа на Али Ахмети кое говореше за ослободување од славомакедонските окупатори и протерување на нивните колонисти од албанските земји ?

5.Љубчо Георгиевски за поделбата на Македонија разговарал ли со тогашниот премиер на Србија Зоран Ѓинѓиќ, имајќи го во предвид инересот на Србија за поделба на Македонија по етничка линија, кое да создаде преседан и за поделба на Србија?

Одговорите на овие прашања на друг начин ќе ги осветлат настаните и може би на друг начин ќе го објаснат решението на Георгиевски, Никола Груевски да ја оглави партијата.

Засега останува образложението дека тоа го направил со цел партијата да освои повеќе гласови на следните избори, кое и се случи, но на долг рок со владеењето на Никола Груевски повторно влегувавме во сценариото за поделба на Македонија.

И вистина, Никола Груевски многукратно победуваше на парламентарни и локални избори во Македонија, кое од своја страна го потхрануваше победничкиот дух и чувството за неговата ʺправилнаʺ политика меѓу членството во партијата. Имајќи во предвид дека ʺантичкотоʺ крило е антипод и негација на историското ВМРО, на внатрешен план ја претвори во националистичка и етнонационална партија, која наметна разделителни линии во општеството по етнички линии, но и меѓу самите современи македонци по однос на нивното потекло. На надворешен план, некористејќи ги меѓународно признатите факти за историското ВМРО и нејзината борба, ʺантичкотоʺ крило е без автентични инструменти за разрешување на споровите со Бугарија и Грција. Тоа пак од своја страна, ја доведе земјата во длабока меѓународна изолација и на тој начин ја приближуваше до опасноста да биде втурната во пакет-решението меѓу Белград и Приштина за размена на територии, со катастрофални последици за нејзината територијална целост. Но таа опасност, не беше важна за режимот на Груевски, важно беше на база на конфликтите со Грција и Бугарија, на внатрешно политички план да се гради имиџ на ʺнепопустливостʺ и ʺпатриотизамʺ во интерес на нова изборна победа. И од тука, логично се наметнува прашањето, свесно или несвесно Груевски ја втурнуваше Македонија во србското сценарио за разрешување на косовското прашање. Независно од одговорот на ова прашање, едно е факт, дека ʺантичкотоʺ крило на меѓународен план доживеа дебакл поради немањето на меѓународна научна верификација на нивните ʺисторискиʺ тези, а на внатрешен план со ʺантиквизацијатаʺ нанесоа непроценливи штети во националното ткиво.

(ПРОДОЛЖУВА)

––––––––––

Автор: Мирослав Ризински-потпретседател на Бугарски Културен Клуб-Скопjе (БККС) и главен уредник на ТАТКОВИНА

 

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO