Фото: Роjтерс

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони бил позитивен на тестот за коронавирус и е во домашна изолација во близина на Милано, соопшти неговата портпаролка.

Берлускони, кој има 83 години, ќе продолжи да работи од својата куќа во Аркоре, рече таа, додавајќи дека тој ќе продолжи да ги поддржува кандидатите од неговата партија Форца Италија на претстојните регионални и локални избори. Тоа ќе вклучува и секојдневни интервју за весници, телевизии и социјални медиуми

Личниот лекар на Берлускони, Алберто Ѕангрлило за италијанските медиуми изјавил дека поранешниот премиер е асимптоматски.

Белускони бил тестиран по неодамнешниот престој во Сардинија. На островот имаше релативно малку случаи во раните фази на пандемијата, кога Италија беше жестоко погодена од вирусот, но во последните неколку недели бројот на заразени кои ја посетиле Сардинија значително се зголеми.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO