1924 година е убиен Тодор Александров (1881 – 1924), создавач и раководител на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година во Штип, Вардарска Македонија. Од 1903 година е член на штипското околиско раководство на Внатрешната македоно-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Три години подоцна, тој е назначен за окружен војвода на Скопскиот револуционерен округ. На почетокот на 1911 година бил избран за член на Централниот комитет на ВМРО преку писмен договор меѓу раководителите на организацијата. Тој ги организира и раководи атентатите во Штип (ноември 1911 година) и во Кочани (август 1912 година), кои го забрзуваат избувнувањето на Балканската војна. За време на Првата светска војна служи во штабот на Активната армија. По војната, заедно со генералот Александар Протогеров и Петар Чаулев, ја возобновува ВМРО. Се пројува како тврд и енергичен раководител на организацијата, создавајќи хармонична и дисциплинирана организација, верна на идеите за ослободување на Македонија. Напорите на владата на Александар Стамболиски да ја извади Бугарија од меѓународната изолација и да ја заштити од непријателските соседи со откажување од заштитата на правата на бугарското население оставено во рамките на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците создадено во 1918 година, е прифатено како предавство од страна на ВМРО и водат до политички и вооружен судир меѓу владата и организацијата на Александров.

Во 1923 година, ВМРО на Тодор Александров го поддржува 9-то јунскиот преврат и соборувањето на владата на БЗНС. Се обидува да ја искористи помошта на на комунистичките сили на Балканот и на Коминтерна, како резултат на кое се стигнува до потпишувањто на Мајскиот манифест од 1924 година, но брзо потоа се откажува од Виенскиот договор. Макар што Тодор Александров објавува дека тој лично не го потпишал овој документ, неговото публикување доведува до огромен удар за ВМРО и губење на престижот во самата Бугарија. Лидерот на ВМРО, под притисок на тогашната бугарска влада на Александар Цанков, јавно се откажува од сите контакти со комунистичките сили. И покрај тоа, ВМРО попаѓа во изолација, стекнувајќи непријателство не само на дотогашните непријатели на бугарштината во Македонија и на комунистичкото движење, туку и на владата во Софија. Во ваква состојба на 31 август 1924 година во близина на селото Сугарево во Пирин Тодор Александров е убиен.

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO