Финска ги суспендира летовите од Северна Македонија до 29 август поради зголемениот број заразени патници со ковид-19 кои доаѓаат од земјата во последниот период.

Финскиот министер за транспорт и врски Тимо Харака изјави дека одлуката е донесена од Агенцијата за транспорт и врски Трафиком, а врз основа на анализата на Националниот институт за здравство.

Суспензијата на летовите следува два дена откако уште 17 патници кои пристигнале со летот на Визер од Скопје во Турку во вторникот биле позитивни на ковид-19. Тестирани биле 113 од вкупно 127 патници во авионот и сите се ставени во карантин.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO