Според СДСМ, повеќе од еден месец по изборите, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште се во дезориентација, без политички компас по доживеаниот пораз.

ʺПокрај тоа што не понуди ништо конкретно за граѓаните, покрај тоа што немаше став за ниту едно важно прашање, Мицкоски денес се прави дека заборавил што ветил и без срам гази врз својот јавно искажан збор. Среде телевизиско соочување во кампањата, самиот тврдеше дека е против техничка Влада по Пржински модел, а денес се противи на најавата за укинување на Пржинската влада“, стои во реакцијата на партијата.

За СДСМ, наместо да бара алиби за неуспесите, Мицкоски барем еднаш нека покаже зрелост и нека го оствари ветувањето дека ќе поднесе оставка доколку ги изгуби изборите или доколку не направи Влада.

ʺВреме е Мицкоски, исправи се, погледни си во очи и потсети се на твоето ветување пред изборите – политичарите се големи онолку колку што имаат јасно дефиниран став и онолку колку што стојат на сопствениот збор. Голем е твојот пораз Мицкоски, исполни си го твоето големо ветување – оставка!“, стои во партиското соопштение.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO