Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети по седницата на партискиот Централниот Совет на ДУИ ги соопшти имињата на нивните кандидати за министри во новата Владата по договорот со СДСМ за поделба на ресорите.

„Ова владеење е владеење на рамноправноста. Утре ќе го избереме претседателот на Собранието, нашиот пријател Талат Џафери, а потоа и нашите други пријатели, Артан Груби како прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими како министер за финансии, Бујар Османи за надворешна работи, Крешник Бектеши во Министерството за економија, Насер Нуредини во животната средина и останува да се договориме со коалиционите партнери за министер во Министерството за информатичко општество“, рече Али Ахмети.

Според претседателот на ДУИ, идната Влада како и во минато и во иднина со демократското начело на консензус ќе ги носи сите одлуки.

За Насер Зибери кој беше кандидат за премиер, Ахмети истакна дека тој како нотар продолжува со својата работа и во иднина ќе се одлучува за евентуална функција.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO