Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески преку соопштение прашува зошто имавме предвремени избори, ако ја имаме истата Влада?

ʺЧуму беа предвремени избори, ако ја имаме истата Влада?!? Каде се тешките зборови на СДСМ за ДУИ, а особено оние на ДУИ за СДСМ? Каде се предизборните ветувања? Нели СДСМ тврдеше, дека ДУИ се криминалци и треба да одговараат? Дали сега ги амнестираа или се договорија да одговараат, самите пред себе? Завршија изборите и заборавивме на се“, вели Богојески и продолжува:

ʺКако ќе се оправда народниот револт против нивното претходно владеење… афери… лоши решенија… кога повторно им беше премолчено нивното “распределување на гласови”, кој колку ќе си посака?!? Како ќе го објасни привременото раководство на ВМРО ДПМНЕ, нивното соучесништво во “изборното распределување на гласови”? Македонија останува да функционира во перманентна политичка криза. Оваа Влада ќе биде исто толку нестабилна, како досегашната, а опозицијата влегува во длабока криза на поделби и раслојувања, како резултат на неспроведените реформи пред три години. Добиваме Влада на криво насадена и расформирање на опозиција. Сето тоа е резултат на лошиот изборен законик, во кој итно треба да се менуваат најмалку две работи, за да излеземе од оваа неподносливо долга политика криза. Тоа е изборниот модел и еднаквата стартна позиција за настап на избори за сите партии, без разлика мали или големи#, напиша Богојески.

Власта глуми дека тоа го поддржува, потенцира тој, опозицијата јавно е против, зашто е слепа и неспособна да разбере дека тоа, токму на неа и одговара.

ʺВреме е да потрошиме внимание и енергија, да ставиме крај на оваа политичка криза! Време е за реорганизација на опозицијата! Време е за укинување на контролираната демократија и воспоставување на вистинска власт на народот“, стои во соопштението на „Македонски концепт“.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO