По паѓањето на Крушевската Република, продолжува втората етапа на Илинденското-преображенско востание и на денешен ден Преображение Господово се крева на востание Одринскиот револуционерен округ.

Конгресот на Петрова нива, одржан на 28 и 29 јуни 1903 година решил Одринскиот револуционерен округ да се крене на востание на 5 кон 6 август на празникот Преображение Христово, при што бил избран раководен штаб во кој влегле: Михаил Герџиков, Лазар Маџаров и капетанот Стамат Икономов!

На 5 наспроти 6 август, на Странџа избувнале голем број на пожари, а набргу по избувнувањето почнале да се слушаат грмежи на бомби и пукоти од кримките.

Христо Силјанов истакнува дека „Тоа беше поздрав кон борците во Битолско од востанатите нивни браќа од Странџа“.

Лавовите Михаил Герџиков, другарот на Гоце Делчев кому Гоце во аманет му ја остави и својата долгогодишна љубов Јустинијана Јанка Каневчева од Охрид и Лазар Маџаров исто така другар на Гоце како и сите учесници во востанието им покажаа на своите браќа во Македонија дека Масовното востание во Странџа во извесна мера го побркал планот за концентрација на турската армија во Битолско, а светот бил убеден дека востаничките сили по востанието во Македонија не биле исцрпени и дека ако треба и Истанбул ќе падне но Слобода мора да има !

Затоа во нивна чест да запееме:

Јасен месец веч изгреа зад Балканската гора,

в цела Странџа роб запеа,

песна нова јуначка…

Свобода или смърт !

––––––––

ФБ статус на Стево Насковски

Да не го заборавиме Одринско !По паѓањето на Крушевската Република, продолжува втората етапа на…

Публикувахте от Stevo B. Naskovski в Сряда, 19 август 2020 г.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO