Т.н. Западнобалканско правило на луѓето од овој регион им овозможува да работат во Германија. Берлин планира да го ограничи приливот на 25 000 луѓе, но германските стопанственици протестираат, пишува „Ханделсблат“, соопшти Deutsche Welle.

„Изразот не звучи спектакуларно, но го опишува успешниот модел на германска миграциска политика. Правилото за Западен Балкан, кое е во сила од јануари 2016. година, отвори можност за вработување во Германија за луѓе од Северна Македонија, Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора и Србија и истовремено ја намали илегалната миграција, пишува весникот „Ханделсблат“.

Во текстот се наведува дека „од дополнителната работна сила профитираа не само претпријатијата, туку и германските фондови за социјално осигурување. Сепак, сојузната влада сега сака да го ограничи приливот на работници од тие земји. Министерствата моментно расправаат за нацрт во кој би бил вграден годишен максимум од 25.000 работници од Западен Балкан.“

По кризата се заканува тесно грло

Овој нацрт наиде на критика од повеќе страни, пишува „Ханделсблат“, цитирајќи го политичарот од Зелените, Дитер Јанеке, според кого ова е „бесмислен, кратковид и целосно погрешен сигнал“.

„Отпор се формира и во стопанството. Ахим Деркс, заменик извршен директор на Германската стопанска комора (ДИХК) вели дека по кризата, кога побарувачката за квалификувани работници повторно ќе порасне, предвидениот контигент може да стане тесно грло. Сличен став има и Сојузното здружение на германските работодавачи (БДА)“, пишува „Ханделсблат“.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO