Фото: Роjтерс

Шесте основни унгарски опозициски партии се ангажираа, и покрај несогласувањата, да формираат сојуз за да го победат премиерот Виктор Орбан и неговата партија Фидес на следните парламентарни избори во 2022 година, пренесе АФП.

Новата коалиција ќе вклучи многу различни партии, од крајно лево до десно, кои ветуваат во заедничка декларација, дека ги слушнале гласовите на нивните избирачи и се подготвени да ги надминат разликите.

Партиите се согласуваат да изработат заедничка програма за управување и да номинираат заеднички кандидати против партијата на Орбан во сите 106 изборни единици во земјата. Ќе бидат организирани и првични избори во случај на несогласување околу изборот на кандидати.

Орбан победи со голема предност на три избори од 2010 година наваму, делумно благодарение на реформите во изборниот закон. Тој ќе се најде во тешка позиција пред една обединетата опозиција, како што го покажаа последните општински избори во октомври 2019 година.

Националистот Орбан е обвинуван од опозицијата и од некои од неговите партнери во ЕУ дека ја води Унгарија кон авторитарен режим, кој се отклонува од вредностите на ЕУ, особено во областите на граѓанските слободи и имиграцијата.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO