Министерот Арбер Адеми за ТВ21 изјави дека во училиштата каде има мал број ученици, наставата може да се одвива со физичко присуство, со почитување на мерките за заштита од Ковид-19.“Овој предлог треба да добие зелено светло од Владата. Било каква одлука да се донесе, потребно е да се направат законски измени, затоа потребно е и да имаме функционално Собрание. Што се однесува до градинките, од Комисијата за заразни болести велат дека ќе се дискутира следната недела“, рече Адеми.

Наставата да се одвива од дистанца, онлајн, со два исклучоци: „Првиот исклучок е од прво до трето одделение ќе биде потребно физичкото присуство во наставниот процес. Вториот исклучок, во тие училишта каде има мал број на ученици и каде можат да се почитуваат протоколите за физичка дистанца и може да се организира наставниот процес, со што да не се загрозува здравјето, таму ќе се организира наставниот процес со физичка дистанца“.

Комисијата за заразни болести на денешната средба со претставниците на Министерството за образование предложи учениците од прво заклучно со трето одделение да ја започнат новата учебна година со физичко присуство, а останатиот дел од основното и средно образование да ја следат наставата од далечина или онлајн.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO