Денеска со почеток од 18 часот, во Скопје е закажан уште еден протест против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за поскапување на струјата за 7.4 отсто. Како што наведуваат организаторите, собирот е во паркот Чаир и ќе се маршира до Влада.

Демонстрантите на минатонеделниот протест во Скопје кој заврши пред Владата, покрај барањето за итно поништување на последната одлука на РКЕ побараа и нејзино распуштање и да се формира независно арбитрарно тело за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

Денеска, како и во минатата недела, покрај протестот во Скопје, ќе бидат организирани протести и во неколку други македонски градови.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO