Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Виена ќе се сретне со австрискиот канцелар Себастијан Курц на разговори за стратешкото партнерство на САД и Австрија и за регионални безбедносни прашања. За време на вчерашната посета на Помпео на Словенија беше потпишана заедничка изјава за безбедносните прашања поврзани со мрежата 5G.

Текстот на нацрт-декларацијата предвидува безбедносна проверка на корпорациите што нудат 5G технологија, транспарентност на нивна сопственичка структура, без оглед дали тие ги почитуваат правата на интелектуална сопственост и законите поврзани со транспарентноста на корпоративното управување.

САД веќе потпишаа слични заеднички изјави со Полска, Романија, Естонија и Летонија, а нивната цел е, меѓу другото, да ја потенцираат важноста на безбедни дигитални мрежи на ниво на Европската унија и НАТО.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO