Лидерите на Србија и на Косово ќе се состанат на 2 септември во Белата куќа за да преговараат, објави денеска специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите држави за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел. „Среќни сме да објавиме дека лидерите на Косово и Србија ќе се состанат во Белата куќа за да преговараат на 2 септември“, напиша Гренел на својот профил на Твитер. Претседателот на Косово Хашим Тачи и претседателот на Србија Александар Вучиќ, требаше да се сретнат во Белата куќа во Вашингтон на 27 јуни, со посредство на Гренел.

Тачи го откажа своето патување во Вашингтон откако беше објавено обвинението против него. Тогаш Хоти потврди дека ќе го замени, но се премисли. Гренел потоа ја одложи средбата. „Благодарам, премиер Хоти. Ја разбираме вашата одлука и со нетрпение очекуваме да закажеме нова средба наскоро“, напиша тогаш претставникот на Трамп.

Дијалогот меѓу Белград и Приштина беше обновен во јули, по застој од 20 месеци. Александар Вучиќ и Авдулах Хоти, се состанаа во Брисел на 16 јули, со посредство на специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO