Во текот на вчерашниот ден, во блискиот до ДПМНЕ портал ʺРепубликаʺ беше публикувано скандално ʺОТВОРЕНО ПИСМО ДО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА, ПО ПОВОД НЕЈЗИНАТА РЕЗИЛ-ЧЕСТИТКА ДО ЗОРАН ЗАЕВʺ. Писмото е публикувано како колумна од авторот Алдо Климан веднаш по доделувањето на мандатот на Зоран Заев од страна на претседателот на државата Стево Пендаровски и честитката која по тој повод беше упатена од американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

За познавачите на приликите на македонската политичка сцена ова не претставува изненадување. Имајќи ја во предвид реториката на медиумите блиски до ДПМНЕ, но и на самата партија, најмногу во однос на поништување на договорите со Грција и Бугарија, со право македонски и меѓународни аналитичари партијата ја определуваат како проруска.

Точно поништувањето на договорите со Грција и Бугарија, беа главни адути во предизборната кампања на ДПМНЕ за враќање на власт, кое ако се случи ќе ја доведе под голем знак прашалник евроатлантската ориентација на нашата држава. Со катастрофални последици на внатрешен и меѓународен план. Сето ова им дава за право на сериозни македонски и меѓународни аналитичари, кои тврдеа дека на изборите се судираат проевропски и проруски сили.

На тој начин, публикувањето на колумна од авторот Алдо Климан (редовен колумнист во „Република“), под наслов ʺОТВОРЕНО ПИСМО ДО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА, ПО ПОВОД НЕЈЗИНАТА РЕЗИЛ-ЧЕСТИТКА ДО ЗОРАН ЗАЕВʺ во порталот ʺРепубликаʺ, кој е дел од медиумската пропагандна машинерија на ДПМНЕ финансирана од Будимпешта, е само категоричен доказ за нејзината антизападна ориентација. Тоа што оваа колумна, по кратко време е тргната од ʺРепубликаʺ не го сменува тој факт. Со голема веројатност може да се тврди дека оваа колумна не е публикувана без согласност на лидерот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Она што зачудува во процесот на формирање на ново парламентарно мнозинство е ʺтанцотʺ и кокетирањето на Али Ахмети со проруската ДПМНЕ. Ќе ја доведе ли под знак прашање својата декларативна прозападна ориентација, најмногу во однос на договорите со Грција и Бугарија, настојувајќи на своето предизборно ветување за албанец-премиер? Али Ахмети треба да му одговори на членството дали се точни гласините дека на последната средба со Мицкоски се договориле за ротирачки премиер на по две години и дали од еден олигарх му се ветени во прилог на тоа двата пратеника на Левица.

Во продолжение ТАТКОВИНА ја публикува колумната на Алдо Климан во Република:

ʺОТВОРЕНО ПИСМО ДО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА, ПО ПОВОД НЕЈЗИНАТА РЕЗИЛ-ЧЕСТИТКА ДО ЗОРАН ЗАЕВ.

Госпоѓо Брнз, за целиот цивилизиран свет не е никаква тајна дека вие Јенките, со својата општопозната „гази сѐ политика”, од нашето скопско, НАШЕТО МАКЕДОНСКО Кале ја држите Република Македонија под својата воено-политичка чизма, а несреќната американска агенда што веќе со години се спроведува над овој несреќен народ сакаше, по незајазливиот дипломатски насилник Џес Бејли токму вие сега да бидете гувернерка на оваа бедна квислиншка заевска државичка со понижувачко привремено троделно име, од кое секој нормален човек во Европа и во светот, секој нормален Македонец и секој нормален граѓанин на Македонија длабоко се грози и се гнаси, а вие, пак, уживате да ја наречувате „модерна држава”. За вас, госпоѓо Брнз, но и за сите нас кои сме сосема свесни што вие, неканети гости, правите во нашиот сопствен дедовски, татковски и мајчин дом, таа ваша одамна излитена политикантска фразичка „модерна држава” значи сосема исто што и „нова држава”, зашто, невербално велите вие, „Република Македонија ви ја згазивме, ви ја згаснавме, готово, ја нема веќе, ве нема ни вас како Македонци, навикнете се дека за нас вие сте само едно големо Ништо со кое ќе правиме што сакаме и како сакаме, и ќе ве наречуваме како што ќе ни се ќефне. Па не сте вие како оние храбри Виетнамци да ѝ дадете цврст, енергичен и невиден отпор на нашата безочна окупација. Вие сте само едно голо, најобично Ништо, и трпете”.

Госпоѓо Брнз, лично, по арачењето на насилникот Бејли низ Македонија, ниту од вас немав никакви големи очекувања, и посебно не некакви убави работи, па досега ни не заслуживте да го свртам своето внимание кон вас и кон вашата општопозната американска рутина, усовршувана и специјализирана во длабоката држава, но еве, денеска најпосле искокнавте од вообичаената слика кога му упативте честитка на Зоран Заев по повод доделувањето на мандатот за формирање влада. Со тоа, госпоѓо Брнз, всушност си честитавте самата себе си за успешното продолжување на она што бесрамно насилно го правеше вашиот претходник Бејли, со истата поданичка багра.

Ок, разбирливо е дека секој освојувачки гувернер кој управува со некаква привремена квислиншка државичка сака под себе си да има такви велепредавнички лигуши како Стево Пендаровски, и такви бедни, уценети криминалци како Зоран Заев, со сета негова криминална и диктаторска клика, но сепак верував дека и тука постои некоја минимална „гувернерска чест”, барем некое „гувернерско достоинство”, дека постои некоја црвена линија под која властодржецот никогаш не оди во однос на своите мизерни и лигави поданици. Па такво „гувернерско достоинство”, госпоѓо Брнз, имаше дури и кутриот Санчо Панса кога Дон Кихот го постави за гувернер на една имагинарна држава каква што е денес нашава, а не пак вие, донесена дури од Америка во оваа македонска Небиднина и Волкоебина.

По оваа ваша денешна, сосема промашена амбасадорска постапка, госпоѓо Брнз, за вас е најдобро итно да си се вратите во Америка и веднаш да се запишете на некој забрзан курс, или вечерна школа по дипломатска етика. За да ве примат таму, применете проверени „заевски балкански методи”, поткупете некого, зашто овде во Македонија сосема ја оплескавте, се изрезиливте, и ние сигурно нема да ви дадеме добра препорака. Но вашиот денешен голем демократски фаворит Зоран Заев може да ви даде извонредни инструкции за тоа, зашто за поткуп нема поголем виртуоз во светот од него, јал сакаш за сув кеш (168.000 евра), јал сакаш за крадење избори (милиони).

Се прашувам, меѓутоа, за што всушност вие, госпоѓо Брнз, му честитавте на Заев?! Ве тераше ли некој да ја сторите таа голема глупост? За каков мандат зборувате?! За тоа ли што спротивно на сите демократски стандарди и политичка логика, спротивно на Уставот, бедниот клиентелист и инстралиран предстедател Пендаровски му доделил мандатат на Заев, без потребните 61 пратеник, дури во наредните денови човекот лефтерно „да си прави мнозинство”? За таа и таква ваша непрофесионална постапка, госпоѓо Брнз, во Соединетите Американски Држави веднаш, без дискусија би ве суспендирале, би ве отповикале од функцијата што ја вршите, и би покренале остра судска постапка. Вие тоа многу добро го знаете, но тоа е така во вашата демократска Америка, а овде, во овој ваш пашалак, во оваа квислиншка заевска државичка вие сте гувернерка, опкружена со заевските велепредавнички и криминални слуги, и тука сѐ поминува, сѐ се голта.

ʺОвие Македонци се глупи и неразбрани”, си мислите вие, „ќе му честитам јас на Заев, па нека пукнат душманите, ќе го поддржам во обидот да создаде влада што ќе биде посветена на демократските принципи, владеењето на правото и на нејзината европска иднина”.

Леле, госпоѓо Брнз, кај ви беше умот?! Па како може еден повеќепати аболициран сериозен криминалец како Зоран Заев, човекот што од првиот ден од своето инсталирање по државниот удар изведен во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година, сѐ што направи направи со брутално насилство над демократијата и над демократските принципи, човекот кој во изминативе три години простачко владеење изговори повеќе најгруби лаги и изврши повеќе најподмолни измами од сите политичари во светот заедно, човекот што го зароби македонското општество, македонското правосудство, човекот што до гуша директно или индиректно е заплеткан во сите најголеми финансиски афери, што правно ги покриваат неговите судски верни пци и кучки, човекот што „го е*е” својот народ и што ги „има в раце невладините организации” – како може тој, госпоѓо Брнз, да ја води државата врз „демократски принципи, владеење на правото и кон европска иднина”? Тој, госпоѓо Брнз, може само да продолжи безочно да краде, зашто никогаш не му е доста грабеж, бесрамно да лаже, зашто никогаш не му е доста да измамува, и до целосен институционален и финансиски банкрот да ја упропастува државата, да ги гуши слободните медиуми и слободното јавно мислење, да апси, да апси и да апси свои неистомисленици, креирајќи типични сталино-фашистички судски политички процеси против сосема невини, добри луѓе, чесни граѓани на Република Македонија, и до бесвест „да го е*е” својот народ.

Оваа ваша резил-честитка, госпоѓо Брнз, упатена до црниот квислинг и уличарски примитивец Заев ви беше голема и сосема непотребна дипломатска глупост, пред сѐ на голема штета на достоинството на Соединетите Американски Држави, а што се однесува до нас, македонскиот народ, ние, додека трпиме, ќе си ја сркаме таа горчлива, отровна заевска чорба.

Затоа, Go Home, Ms. Byrnes !  И пуштете го вазелинскиот вазал Заев „да си прави демократско мнозинство”, заедно со оној тупан од Водно, и со нивната уценувачка големоалбанска братија, која, по вашата денешна голема и незаборавна дипломатска интервенција, чека во ред за убава реденка кај Заев, со долга листа свои апсолутно „демократски” и модерни, проевропски големоалбански предлози, идеи и платформи“.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO