Американците ќе треба да учат кинески ако Џо Бајден е избран за претседател на Соединетите Американски држави, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Во радио интервју за конзервативниот ориентиран новинар Хуго Хјуит, тој зборуваше за себе во трето лице еднина, пренесува Си-Ен-Ен.

ʺСАД ќе бидат во сопственост на Кина доколку Трамп изгуби. Ако не победам на изборите, Кина ќе ги поседува САД. ʺЌе мора да научите кинески“, рече Трамп.

Односите меѓу САД и Кина се во центарот на изборните кампањи на републиканскиот кандидат Трамп и демократот Бајден.

Трамп ја обвини Кина за ширење на коронавирусот и прикривање информации, а неговата администрација повлече неколку чекори што доведоа до тензии во односите со Кина, пишува Си-Ен-Ен.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO