Фото: Роjтерс

Во Белорусија продолжија пост-изборните протести, и покрај тоа што кандидатката за претседател Свјатлана Циханускаја замина за Литванија и проширената владина акција против опозицијата. Полицијата и безбедносните сили користеа солзавец, гумени куршуми и зашеметувачки гранати за да ги растераат демонстрантите во главниот град Минск. Притоа биле приведени повеќе демонстранти.

Надлежните органи, како што јавува Белорускиот сервис на Радио Слободна Европа, спроведувале де факто полициски час, приведувале лица кои шетаат по улиците, стопирале автомобили и го ограничувале јавниот превоз. Демонстрации и судири со полицијата беа пријавени и во неколку градови низ Белорусија. Протестите биле помали од претходните ноќи кога десетици илјади луѓе и покрај строгите мерки излегоа на улиците за да го искажат револтот поради резултатите од, како што вели опозицијата, лажните избори на 9 август, со кои се продолжува 26-годишното владеење на претседателот Александар Лукашенко.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO