Интересни заклучоци, суфлирања, размисли, што јавни, а што во инбокс, а што по телефон или прашања што мислам за Новата Влада и како таа ќе биде асамблирана.

Јас немам никакви ама баш никакви контакти со партиите и мандаторот така да се што пишувам долу е мое мислење и е шпекулација.

1.ААА игра за ДУИ.

Цела табла и игра на ААА е во корист на ДУИ.Тоа е таа политичка незрелост,аматеризам и кусогледост каде Али Ахмети може да надигра секого на било каква табла и тоа симултанка.

Односот на ДУИ кон СДСМ се должи на односот на ААА кон целокупната состојба.

Ова е нај точната констатација што може да се донесе.ААА без да знае ма нека е и со договор ,се што прави оди во корист на ДУИ.

2.СДСМ, внатре, спремни на стартни позиции договараат ама баш внатре.

Трошат исто толку енегргија внатре колку и енергија со можните коалициони партнери.

СДСМ е тоа и толку е и така е.

Има 2 фактори од странство или меѓународната Космичка Станица кои ,едниот го притиска ДУИ од Будимпешта и тоа мудро и индиректно ,а другиот пак ДУИ би го притискал ама многу официо во дипломатски стамени униформи како и СДСМ.

Верувам дека ќе има и пристисок врз СДСМ од Космичкиве станици во билатерала без заедничките множества со ДУИ.Има некакви чудни нешта што меѓународниот и би му ги укажал на Зоран Заев онака по лично.Дали ќе е нежно,малку нежно или многу нежно е проценка дали Зоран Заев разбира и колку разбира.

Овде и еве и јас шпекулирам дека -Тој и не баш СЕ, доволно разбира.

Верувам дека во оваа ситуација и опкружувањето нема да му се окуражи и да му објасни -Што треба да разбере доволно,недоволно или онака..

Што се однесува до ААА ,јас би бил многу внимателен да сум на нивно место.

Се работи за ситуација во која тие и не си ја разбираат до крај комплексноста. Не шпекулирам ами тврдам.

И така на крај да остануваат 4 министерски места за кој СДСМ не би преговарале.

И на крај остануваат 2-3 министерски места кои никои и не ги сака.Посебно Правда.

Дали е можна влада без Министер за Правда?..ма тоа потаки .(се разбира дека се зезам).

Ова се формулите за денес и утре.Утре е нов ден .Ќе биде мачно.

Инфлуенцата на Турските серии со гоолеми театрални размери има импликации и до Ахемти и до Зоран Заев и до Села.

Кај Вмро-Дпмне игра нова Малечка Невеста.

Таму веќе се збираат потписи за КОНГРЕС..во Солун..во Хотел Солун во Скопје,како препорачана дестинација.

Митко? Ма тешко .Има работи кои се многу тешки,а таа е особено потешка.

ДА ИМАТЕ УБАВ ДЕН ,НА ЗДРАВЈЕ КАФЕ И ДАЉИНСКОТО ВО РАЦЕ..Почнува СЕРИЈАЛОТ МАКЕДОНСКАТА СВАДБА..ПЕПЕО ИН КРИ

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO