Фото: Роjтерс

Германското Министерство за здравство изрази сомнеж за „квалитетот, ефикасноста и безбедноста“ на вакцината против вирусот корона, што вчера го објави рускиот претседател Владимир Путин.

„Нема познати податоци за квалитетот, ефикасноста и безбедноста на руската вакцина“, изјави неименуван портпарол на германското министерство, додавајќи дека „безбедноста на пациентите е еден од приоритетите“ во Европската унија. Рускиот претседател Владимир Путин објави дека првата вакцина во светот против ковид-19 е регистрирана вчера во Русија.

Сепак, Русија досега не објави детали за резултатите од тестот за вакцинирање за да ја потврди нејзината ефикасност. Светската здравствена организација претпазливо реагираше на вестите од Русија дека е произведена вакцина против коронавирусот, потсетувајќи дека се неопходни строги процедури за одобрување на каква било вакцина. „Ние сме во близок контакт со Русите и разговорите продолжуваат. Предквалификацијата на секоја вакцина мора да помине низ строги процедури“, изјави портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO