Во периодот од 19 август до 25 септември 170 припадници на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави и 10 припадници на Вооружените сили на Република Полска од составот на КФОР, со возила, вооружување, материјално-технички средства и опрема ќе изведат вежба, гаѓања и заедничка обука со припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, кое ќе се изврши на Армискиот полигон Криволак.

Оваа информација денеска на седница ја одобри Владата на Република Северна Македонија и донесе Одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради изведување на вежбовна активност, информираат од прес-сужбата на Владата.

На седницата, на предлог на Министерството за одбрана, министерите донеле одлука за испраќање на 15 припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve XIV” во Сојузна Република Германија, во периодот од 1 до 29 септември, како и Одлука за испраќање на 15 припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „CARPATHIAN EAGLE“ во Република Романија, во периодот од 14 до 27 септември.

Владата на седницата донела одлука за начинот на користење на здравствени услуги и за надоместок на трошоците за користење на здравствени услуги во Воено медицинскиот центар и во здравствените установи во Република Северна Македонија, на припадниците на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа- СЕЕБРИГ (SOUTH EAST EUROPE BRIGADE – SEEBRIG).

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO