Во последните 36 часа четири лица починале од коронавирус, а потврдени се 85 нови случаи. Оздравеле 45 заболени, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 1 188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-32, Куманово-9, Дебар-3, Штип-9, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-2, Битола-4, Кавадарци-6, Гостивар-7, Струмица-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Виница-1, Кичево-7.

Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти, а четворица починати.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11 839, бројката на оздравени пациенти е 7 664, на починати е 527, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 648.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO