Опис: Христо Татарчев – „Востанието во Одринско, Востанички дејствија во Серскиот и Солунскиот сандџак, Задушување на востанието“, публикувано в „Македонската револуционерна организација и д-р Христо Татарчев“, Скопје, 2017 година

„Востанието во Одринско

…Ослободителната акција требаше да го опфати целиот останал дел од бугарското племе под турско ропство. Таа идеја легна на крајот на 1895 г. здраво од сфаќањата на основачите на конспирацијата и веќе претставуваше импулс и суштествен елемент при преземањето на мерките и дејствувањето. Одринско, исто така стана објект на востанието и се развиваше во еднакви револуционерно-организациска структура, аспирации и идеал со Македонија…

Делото за кое македонскиот бугарски народ се бореше беше општочовечко. Тој имаше потреба од застапништво од (страна на) културниот свет. Мислата дека каузата на Македонија и Одринско ќе биде, најпосле, поддржана од Големите сили, под чие старателство, согласно со чл.23 од Берлинскиот конгрес се наоѓаа тие области, го тераше Главниот штаб да препорачува да се штедат сили, патрони и да се избегнуваат судири со аскерот за да може да се продолжат востаничките дејствија колку што е можно подолго време. Но, кога турските ѕверства и пустошења ја минаа границата на секоја човечка помисла и Балфур, премиерот на цивилизирана Англија, ги обвинуваше востаниците за турските истапи, надежта за интервенција на Големите сили тогаш стануваше бесмислена. Имајќи ги предвид тие факти, Главниот штаб се собра на 9 септември над с. Слоештица и сметајќи го како последен свој долг, (испрати) апел кон свободниот бугарски народ и неговата влада (за) ефикасна поддршка на делото, со образоложение дека е тоа општобугарско дело. Во тој апел беше подетално изложена состојбата на востанатата област, создадена од турските екцеси, а исто така беше изложена и идната перспектива на областа во услови на глад, мизерија и зимата што настапуваше, (како и) странските пропаганди (против) нашето национално дело…

…Се гледаше јасно од водената бугарска политика за време на востанието дека владата нема ни најмалку намера сериозно и активно да ја заштити каузата на бугарското племе под турско робство. Уште повеќе, што не се пројави дури ниту (чувство) за една човечка должност, ако не (за) племенското право за да го спречи масовното опожарување на бугарските села и убивањето на мирното население…“

Извор: Скенирано од оригинален примерок

Автор: Родениот во град Ресен, Христо Николов Татарчев (1869-1952, Торино, Италија) е бугарски лекар и еден од основачите на ВМОРО. Учествувал во организирањето на Соединувањето на Бугарија во 1885 година, во организација на Бугарскиот таен централен револуционерен комитет. Се вклучува како доброволец во бугарската армија и во Српско-бугарската војна. Студирал медицина во Цирих и Берлин и по дипломирањето работел како лекар во Солунската бугарска машка гимназија. Служи како лекар и во Бугарската армија за време на Балканската, Меѓу-сојузничката и Првата светска војна.

За повеќе информации за авторот ОВДЕ

За да ја прочитате книгата, кликнете ОВДЕ

Извор: Библиотека Струмски

 

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO