
Претседателот на САД, Доналд Трамп издаде извршни наредби со кои се забрануваат сите трансакции на американски лица со кинеските компании „ByteDance“ и „Tensent“, сопственици на апликациите „TikTok“ односно „WeChat“.
Забраните влегуваат во сила по 45 дена.
Трамп ја наведе загриженоста за националната безбедност, односно дека дека TikTok може да се користи за кампањи за дезинформации во корист на кинеската комунистичка партија. Кратката апликација за споделување видео се смета за „закана“ за националната безбедност и Соединетите држави „мора да преземат агресивно дејствување против сопствениците на „TikTok“, се вели во наредбата.
Во другата уредба Трамп оценува дека WeChat автоматски опфаќа „огромни информации” од своите корисници. „Оваа колекција на податоци се заканува дека ќе и овозможи на Кинеската комунистичка партија пристап до личните и комерцијалните информации на Американците“, се вели во наредбата.
