Не може децата да не одат на училиште, но мора да имаме подготвени превентивни протоколи по кои ќе функционираат училиштата, рече вечерва министерот за здравство Венко Филипче во емисија на Канал 5 телевизија.

Тој вели дека во следните недела до две ќе се знае дали од септември ќе почнат со работа градинките и училиштата. Веројатноста е голема, но да се усогласат сите протоколи, вели министерот за здравство.

„Некои од принципите се помали групи, повеќе смени и пократко траење на часовите. Што пократко време во затворен простор и носење маски“, рече Филипче.

Министерот вели дека се подготвуваат за многу полошо сценарио наесен за кое веќе се подготвуваат. Филипче се надева дека такво сценарио ќе избегнат и е сигурен дека ќе го дочекаат подготвени.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO