Шефот на либанската царинска служба Бадри Дахер изјави дека Владата била известена во минатата година за опасностите од експлозивните хемикалии складирани во пристаништето во Бејрут.

Тој потврди дека испратил писмо и во 2017 година, предупредувајќи за „опасноста ако материјалот остане таму каде што е, дека има влијание врз безбедноста на вработените во пристаништето“. Шефот на царината рече дека тој и неговиот претходник испратиле вкупно шест вакви писма, и тие не добиле одговор на ниту едно од нив.

Катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут што се случи во вторникот е предизвикана, како што се верува, од случајниот пожар што ги зафатил магацините со екстремно експлозивен нитрат на амониум, при што загинаа 137 и беа повредени повеќе од 5 000 луѓе. За време на вчерашната посета на Бејрут, претседателот на Франција Емануел Макрон оцени дека либанските власти „им должат на жртвите и на нивните семејства транспарентна истрага“.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO