Бугарија и Грција можат да бидат локомотивата на Северна Македонија за Европската унија (ЕУ). Би можеле да ја подобриме нашата соработка во различни области – економија, образование, медиуми, технологија, иновации, приложувајќи мека сила и дипломатија. Ова го изјави новинарот и меѓународен аналитичар Николај Крстев во емисијата ʺСветот е бизнис“ на Bloomberg TV Bulgaria чиј домаќин беше Ивајло Лаков.

ʺДве седмици по спорведувањето на парламентарните избори, социјалдемократите во Македонија успеаја да обезбедат дополнителни гласови за составување на мнозинство што ќе ги надмине потребните 61 гласа“.

Новинарот објасни дека во рамките на ВМРО-ДПМНЕ започнуваат особени процеси и битка за лидерската позиција. Според него, поранешниот шеф на специјалните служби – Сашо Мијалков, во моментов е сечилото против лидерството на Христијан Мицкоски. Николај Крстев не исклучува да се стигне до распад на ДПМНЕ.

ʺДПМНЕ зборуваше ќе ги промени договорите со Бугарија и Грција и дека не го прифаќа постигнатото пред три години. Нивната реторика е антиевропска, затоа нема да добие кредит на доверба од албанските партии кои го држат клучот за формирање на нова влада“, рече аналитичарот.

Крастев тврди дека до крајот на август можеме да видиме нова влада во Македонија, базирајќи се на информации од сигурен извор.

Ние сакаме препознатлив партнер на југозапад од бугарската територија.

ʺТоа е Социјалдемократскиот сојуз, кој води прозападна политика и преговори со ЕУ и направи се што е можно за 3 години за да ја внесе земјата во НАТО“, истакна Крстев.

ʺДенес Северна Македонија е различна од онаа во 1944 или во 1918 година. Не секогаш имаме слични позиции со неа, но треба да воспоставиме потесна соработка“.

Според Николај Крстев, земјата отсекогаш била мултиетничка по природа во последните 100-120 години.

Во врска со стандардот таму, тој истакна дека просечната плата е околу 400 евра.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO