За половина денар од полноќ поскапуваат бензините, а за исто толку поевтинува дизелот. Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 60 денари за литар, а „еуросупер БС-98“ ќе се продава по цена од 62 денари за литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 52,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 52 денари за литар.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO